Риши Сунак собра 100 препораки да се кандидира за лидер на ториевците во Британија

– Поранешниот британски министерна финансии Риши Сунак го надмина прагот од 100 задолжителни препораки потребни за да се кандидира за лидер на Конзервативната партија по оставката на премиерката Лиз Трас, објави синоќа пратеник од ториевците, јавија британските медиуми.

„Горд што сум 100-тиот пратеник од ториевците што го поддржува #Ready4Rishi (#Ready4Rishi)“, твитна Тобијас Елвуд, еден од неговите поддржувачи. Ден откако Трус поднесе оставка, по само 44 дена на функцијата, се појавија три имиња за блиц кампањата во десничарската партија: актуелниот лидер на Долниот дом Пени Мордонт, Риши Сунак, кој загуби во почетокот на септември од Трас, и поранешниот премиер Борис Џонсон. Доколку само еден кандидат го помине прагот, тој ќе биде прогласен за победник в понеделник. Првите резултати во трката за лидер на Конзервативната партија ќе бидат објавени в понеделник во 18 часот по локално време, се наведува во партиското соопштение. Доколку е потребно да се одржи втор круг на гласање, резултатот ќе биде објавен в понеделник во 21 часот. Пред да гласаат членовите на партијата, пратениците ќе имаат „индикативно“ гласање за двајцата кандидати, со што ќе биде јасно кој е изборот на пратениците на Конзервативната партија. Пратениците потоа ќе треба да договорат две имиња, од кои 170.000 партиски членови ќе треба да изберат едно преку онлајн гласање до 28 октомври. Избраниот веднаш ќе влезе во Даунинг стрит.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...