Репрезентацијата на Србија забележа пораз во првиот натпревар на Мундијалот, Бразил славеше победа со 2:0.


Football vs Soccer, Веа и бројот 2, Белингам е топ играч – 6 ден ↓↓↓


Започна Пикси претпазливо, Србите беа ориентирани на одбрана и стартуваа со само еден напаѓач. Бразил доминираше од почетокот на натпреварот, во текот на 90 минути не упатија ниту еден удар во рамките од голот на Алисон.

Во првото полувреме не видовме голови. Вториот дел продолжи со иста слика, Бразил констатно беше на противничката половина, а Србија ретко излегуваше од својата половина.

Победата за Бразил ја обезбеди Ричарлисон со два гола во 62. и 72. минута. Вториот гол беше вистинска мајсторија и сигурно најубавиот гол досега на Мундијалот.