Говорејќи за проблемот со струјата со кој со недели се соочуваа жителите на Аралиново, првиот човек на Арачиново, градоначалникот Ридван Ибрахими во интервју за index.mk изјави дека проблемот е повеќе политички. Тој понатаму додаде дека освен политички проблем, тоа е и лошо менаџирање од страна на раководството на ЕВН.

„Има такви размислувања за кои јас лично кажав дека се прилично политички. Со други зборови, за целото историско минато на Арачиново, мислам дека другите постојано се обидуваат да не обвинат дека овде нема ред, нема дисциплина и такви работи. Напротив, мислам дека минатото на Арачиново зборува нешто сосема друго, а за тоа побарав да седнеме и да разговараме за тоа што доживеавме, што сме поминале и до каде сакаме да стигнеме како Арачиново“, изјави првично Ибрахими за Индекс. mk.

Тој уште еднаш повтори дека енергетскиот проблем е поради лошото менаџирање на ЕВН и посака такво нешто да не се повтори ниту во Арачиново, ниту во други места.

Тој рече дека покрај енергетскиот проблем, жителите на Арачиново  извесно време нема да имаат проблем со водата за пиење, проектот кој според Ибрахими е во тек , исто така истакна дека чешмите во Арачиново ќе течат безбедно за пиење, ќе има вода по две децении. Тој зборуваше и за проектот за канализацијата како и за отворениот канал во кој „за жал“ тече канализација.

За повеќе проследете го интервјуто на Ибрахими на indeks.mk