Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 14.12.2022 година, регистрира земјотрес на 124 км југозападно од Скопје, во Република Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 10.29 часот со Рихтерова локална магнитуда ML3.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.