Реал Мадрид наскоро ќе му предложи нов договор на тренерот Карло Анчелоти, пренесуваат шпанските медиуми.

Актуелниот договор на Анчелоти истекува во 2024 година, а неодамна изјави дека после истекот на договорот ќе се пензионира. „Кралевите“ се обидуваат да го убедат да остане подолго на „Сантиаго Бернабеу“.

63-годишниот Италијанец по втор пат е на клупата на Реал и во првата сезона после неговото враќање освои двојна круна.

Претседателот Флорентино Перез е задоволен од неговата работа и наскоро ќе почне преговори за продолжување на договорот.