Бројката на загинати од експлозијата во Истанбул попладнево се искачи на шест лица, а 53 се повредени. Експлозијата се случи на историската улица Истиклал во Истанбул во 16:20 часот. Брз основа на првичните инфромации, Ердоган рече дека експлозијата можеби е терористички акт.

„Турција нема да потклекне пред тероризмот. Ќе ги идентификуваме сите одговорни за нападот“, рече Ердоган и додаде дека Турција ќе ги казни сторителите на нападот.

Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја кажа дека се лекуваат ранетите.

Главното јавно обвинителство во Истанбул започна истрага за експлозијата и назначи пет јавни обвинители. Кривичниот суд нареди забрана за емитување на сите визуелни и ауди вести и социјални мрежи поврзани со експлозијата.