Командантот на Воздухопловните сили (ВКС) на Руската Федерација Сергеј Суровикин е назначен за командант на Здружената група на сили во зоната на специјални операции во Украина, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
„ Со одлука на министерот за одбрана на Руската Федерација, генералот на армијата Сергеј Суровикин е назначен за командант на Здружената група трупи (сили) во зоната на специјални воени операции – рече Конашенков на брифингот, пренесува Интерфакс.
Од 24 јуни, Суровикин командуваше со Јужната група руски трупи во „зоната за специјална операција“ во Украина. Претходно командуваше со руска група во Сирија, а учествуваше и во втората чеченска војна.
Суровикин беше назначен за командант на руските воздушни сили во ноември 2017 година. Претходно, од октомври 2013 година, тој командуваше со трупите на Источниот воен округ.
„ Тој е озлогласено корумпиран и брутален генерал, дури и според стандардите на руската војска“, тврди британското Министерство за одбрана.