Силното невреме што зафати делови од Скопје придонесе за откорнати дрвја и блокирани улици.
Според фотографиите, најпогодена е населбата Аеродром, каде има повеќе откорнати дрвја, кои се паднати на улиците.
Невремето беше пропратено со ветер, град и силни грмежи, поради што голем број од улиците се поплавени.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека на повеќе места во земјава е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во моментов јадра со поизразена нестабилност има и околу Штип, Велес, Демир Хисар и Св. Николе.