
Англија и САД се новите осминафиналисти на Мундијалот и веќе имаме два осминафинални парови.
Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓
Американците подобро го отворија мечот и од стартот создадоа неколку добри шанси. Добрата игра САД ја круниса со гол на Пулишиќ во 38-та минута, кој се повреди при постигувањето на голот.
Иран во вториот дел фрли се на една карта да дојде до реми, резултат, кој го водеше во следната фаза. Меѓутоа Американците добро се бранеа, а Иран не успеа да ги реализира своите шанси.
САД заврши на второто место во групата и во осминафиналето ќе игра против Холандија.
Англиската репрезентација го освои првото место во групата, откако славеше против Велс (3:0). Гордиот Албион рутински стигна до победата, иако во првото полувреме не успеа да ги искористи своите шанси.
Резултатот го отвори Рашфорд во 50-та минута, а само две минути подоцна Фоден зголеми на 2:0. Конечните 3:0 ги постави Рашфорд десет минути подоцна.