Пари Сен Жермен сака подолго да го задржи Лионел Меси и планира наскоро да му понуди нов договор, пренесе „Марка“.

Аргентинецот е врзан за клубот само за уште една сезона, но раководството на „светците“ веќе спреми понуда за продолжување на соработката до 2024 година.

Меси има 35 години и неговата последна сезона беше далеку под неговите стандарди, но парижаните се убедени дека сега е адаптиран во клубот и допрва ќе го даде најдоброто од себе.

Покрај тоа, клубот има солидни приходи од рекламирање како резултат на потписот на Меси. Минатата сезона ПСЖ продаде над 1 милион дресови, што е првпат во историјата. 60% од нив биле со името и бројот на Лео.

Приходите од реклами се зголемени за 13% поради ангажманот на 10 нови спонзори.