Францускиот шампион ПСЖ денеска во подготвителен натпревар во Јапонија го совлада тимот на Кавасаки со резултат 2:1.

Лионел Меси погоди во 32-та минута по асистенција на Хакими, што е прв погодок за Аргентинецот во пресрет на новата сезона.

Во второто полувреме тренерот Галтие направи неколку замени, а Калимуендо, кој влезе на местото на Мбапе, погоди за 2:0 во 58-та минута.

Меси, Мбапе и Нејмар го предводеа нападот од Париз и во првото полувреме и создадоа голем број шанси.