Кристијано Роналдо својот прв гол во професионалната кариера го постигна на само 17 години и тоа не е било каков туку вистинска мајсторија.

Ретко кој можеше тогаш да претпостави дека се појави момче кое ќе испишува историја во светските фудбал. Во натпреварот кој се пренесуваше на шпанска телевизија Роналдо на ефектен начин го затресе голот на ривалот, а коментаторот на преносот го помеша со неговиот соиграчи Кустодио.

„Каков гол за затварање на натпреварот на Кустодио. Прекрасен гол на Кустодио“, искоментира коментаторот…

И Кустодио направи исто така убава кариера, одигра 10 натпревари за репрезентацијата на Португалија, но далеку е од она што го постигна Роналдо.

Коментари