Првиот човек на француската фудбалска федерација, Ноел Ле Грат разговараше со домашните медиуми, а предизвика вистинска бура од реакции со коментарот за Зинедин Зидан.
Зидан долго време се најавуваше како можен нов селектор на Франција, меѓутоа пред неколку дена беше официјализирано продолжувањето на соработката со Дидие Дешам.
Дешам потпиша договор до 2026 година и сега е јасно дека Зидан во блиска иднина нема да биде селектор на Франција.
По таквата ситуација Зидан го поврзуваа со селекторската позиција во Бразил. Изненадувачки одговорот на Ле Грат беше жесток.
„Немам што да кажам, нека оди каде што сака без разлика дали е клуб или репрезентација. Мене тоа не ме интересира. Се обидел ли да ми се јави? Не, но и да ме побара јас не би му се јавил“, изјави Ле Грат.
Критики за ваквиот однос на францускиот фудбалски сојуз испрати и Килијан Мбапе.
„Зидан е Франција, ние не треба да покажуваме такво непочитување кон нашите легенди“, објави Мбапе.
Новинарите на „Л’Eкип“ побараа одговор од Зидан за реакцијата на Ле Грат, меѓутоа Зидан не сакаше да коментира.
„Нема потреба да давам било каков одговор“, била реакцијата на Зидан.