Протестот во Подгорица синоќа заврши со главно барање на демонстрантите – да се повлече законот за Претседател, да се постигне договор за избор на судии на Уставниот суд и да се распишат вонредни парламентарни избори за Црна Гора со цел да се добие одговорна влада.
Граѓанскиот протест поради, како што соопштија организаторите, уставна, економска и социјална анархија во Црна Гора, се одржа на платото пред собранието на Црна Гора. Протестот беше формално организиран од форумот на слободни граѓани на Луча, а поддржан од неколку партии.
Протестот под мотото „Не има“ се одржа без присуство на претседателот Мило Ѓукановиќ, но со негова поддршка. Според првите проценки на полициската управа, на протестот присуствувале 5.000 граѓани.