Гаснењето на пожарот на планината Серта се очекува да прододолжи утрово со хеликоптери и ер трактори.
Вчераутро се гаснело со еден полициски хеликоптер, веднаш потоа и со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна со два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување. Но покрај тоа огнот повторно бил активен.
Според вчерашните информации, пожарот на планината Серта во штипскиот регион кон штипските села Селце и Драгоево е се уште активен.