
Во сабота од 18:00 часот ќе го гледаме дуелот за првиот трофеј оваа сезона во англискиот фудбал.




Станува збор за Комјунити шилд каде што силите ќе ги одмерат Ливерпул и Манчестер Сити.




„Црвените“ вчера беа поразени во пријателскиот натпревар против Салзбург 1:0, но и Сити изгуби во својот припремен натпревар против Баерн Минхен (1:0).




Клоп ќе има дополнителни проблеми затоа што денес беше соопштено дека натпреварот со „граѓаните“ ќе го пропуштат Жота и Алисон. Алисон беше скоро незаменлив во текот на претходната сезона, а ќе видиме за кого сега Клоп ќе се одлучи.




Младиот Келер не одигра ниту еден натпревар во припремите, додека искусниот Адриан бранеше вчера против австрискиот клуб.