Вчера полицијата од Регионалниот центар за гранични работи Север ги пронашле и привеле A.Х. (20), Х.A. (22), И.A. (40) и M.T. (18), сите од Пакистан. Тие биле барани по потерница од полицијата на Грција поради сомневање за сторено кривично дело „убиство“.
Во 22 часот лицата биле предадени на полициски службеници на граничниот премин Евзони.