Полициски службеници денеска ја лишиле од слобода 23-годишната Е.Е. од Скопје.

– Денеска (27.12.2022) во 11.05 часот на ул.„Индира Ганди“ во нас.Шуто Оризари – Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Е.(23) од Скопје. Таа била барана по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.