Шарлот беше обземена од емоциите додека ковчегот на кралицата го преместуваа од кочијата во погребното возило.

Ќерката на принцот Вилијам (40) и Кејт Мидлтон (40), принцезата Шарлот (7), се расплака на погребот на својата прабаба кралицата Елизабета Втора.

Шарлот беше обземена од емоциите додека ковчегот на кралицата го преместуваа од кочијата во погребното возило. Мајката Кејт ја тешеше малата малата принцеза.

Принцезата Шарлот присуствуваше на погребот заедно со својот постар брат Џорџ (9). Најмладиот, принцот Луис (4) не се појави.

По пристигнувањето, семејството му се придружи на нивниот татко, принцот Вилијам, а децата до олтарот на Вестминстерската опатија одеа зад своите родители.