Притисокот врз тренерот на Интер, Симоне Инзаги се повеќе се зголемува после серијата на лоши резултати.

„Нероаѕурите“ лошо ја отворија сезоната и имаат четири порази после првитте осум кола во Серија А.

Имено претседателот на Интер, Стивен Жанг бил лут и иритиран од коментарите на Инзаги пред дуелот со Рома.

„Каде и да отидам, се освојуваа трофеи, приходите се зголемуваат, а загубите се намалуваат“, истакна Симоне.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека засега Инзаги не е загрозен од отказ бидејќи неодамна го продолжи договорот, но ќе мора да внимава со изјавите и секако да ги поправи резултатите на тимот.

Коментари