Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец.
Утринските температури ќе бидат во интервал од 11 до 21 степен, а дневните ќе бидат од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветар од северен правец. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Утринската температура ќе биде до 19, а дневната до 35 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Во среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во четврток и петок на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветар и изолирана појава на град.