Премиерот Ковачевски денеска ќе ги испрати поканите за лидерска средба в понеделник

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе испрати покана до парламентарните политички партии за лидерска средба, на која ќе се разговара за европската иднина на земјава и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консезус.

Средбата е предвидено да се одржи в понеделник, на 7 ноември, во Собранието на Република Македонија.

-Средбата која ја свикува претседателот на Владата, Ковачевски се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина на Република Македонија, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус, соопшти вчера владината прес-служба.

Премиерот и минатата недела ги повика политичките партии да седнат на маса и да најдат заеднички јазик, нагласувајќи дека според него добро е да се разговара за уставните измени со цел да се дојде до решение кое би било прифатливо за сите.

Претходно, иницијатива за средба со сите политички партии изразија и опозициските партии од албанскиот блок, кои во повеќе наврати кажаа дека ќе ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, доколку се промени формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...