Претставата „Госпоѓица Јулија“ по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Мето Јовановски вечерва премиерно ќе биде изведена во Културно-информативниот центар во Скопје, со почеток во 20 часот.
Улогите ги толкуваат Марија Кондовска, Андреј Серафимовски и Сандра Темова.
Костимите и сценографија се на Благој Мицевски, а дизајнот на плакатот е на Влатко Јовановски.
Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура.