Вечерва во Собранието на Македонија не беше изгласана Интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Вкупно гласаа 104 пратеника, „За“ гласаа 43, „Против“ гласаа 61, „Воздржани“ нема.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисајловски побара да се затворат вратите и да се започне со поединечно гласање.