Treasure Hunt: Доделени првите 100€, најдоброто допрва следува! ↓↓


Фудбалскиот клуб Фулам го потврди трансферот на Раул Хименез од Вулвс.

Овој трансфер го најави Фабрицио Романо пред неколку дена, а поврзан е со желбата за Александар Митровиќ да оди во Ал хилал.

Менаџерот Марко Силва ја одобри идејата да дојде 32 годишниот мексиканец и Фулам плати 5.5 милиони за неговиот трансфер.

Фулам сега скоро сигурно ќе ја прифати понудата на Ал Хилал, откако ги одби досегашните 35 и 40 милиони евра.

Не е познато колку ќе понудат Арапите, но извесно е дека Митровиќ ќе го напушти Лондон и дека ќе се пресели во Саудиска Арабија.