Home Шоубиз После оваа слика, сите би сакале Џенифер Лопез да им биде ШЕФИЦА

После оваа слика, сите би сакале Џенифер Лопез да им биде ШЕФИЦА

123
0

Латино ѕвездата Џенифер Лопез не престанува да ја изненадува јавноста со својот изглед.

Оваа 53-годишна пејачка и актерка го живее животот во потполност, а ни се чини дека конечно го пронајде рецептот за исполнет живот со Бен Афлек. Тој не ја крие својата среќа, а често ја споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.

Без разлика дали се подготвува за настап, ја промовира својата лична линија за убавина или едноставно ужива во семејниот живот, Џенифер Лопез сето тоа го споделува на Инстаграм.

Така таа неодамна објави атрактивна фотографија во струкиран фустан, имитирајќи го корпоративниот стил кој навистина го обзеде светот.

Ниту нејзините следбеници не останаа имуни на нејзиниот изглед, а многумина и велеа дека изгледа прекрасно, но и опасно.

„Како шефица“, „Едноставно убава“, “Квинс“, беа само дел од коментарите.