Шахтер славеше со 4-1 во Германија против Лајпциг, а тоа значеше и отказ за тренерот Доминис Тедеско, кој освои само пет бода во пет кола со екипата.

За негов наследник веднаш беше поставен Марко Розе, кој ја почна тренерската кариера токму во овој клуб, а исто така работеше во Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд.

Розе потпиша договор до 2024 година, а се очекува да го разбуди тимот и да го врати Лајпциг во битка за топ-4 во Бундеслигата.

Дебито нема да му биде воопшто лесно затоа што ќе игра против Борусија Дормтунд, која е на втората позиција со четири победи и еден пораз.

Мечот е закажан за сабота од 15.30 часот.

Коментари