На изборите за градоначалник Томаси го победи адвокатот Федерико Сбоарину кој досега ја извршуваше оваа функција од 2017 година. Томаси претходно беше претседател на Сојузот на италијанските фудбалери.
Кариерата ја започна во Верона каде што преку младинскиот погон стигна до првиот тим. Најдлабока трага остави играјќи за Рома.
Член на римскиот клуб беше од 1996 до 2006 година, а во сезоната 2000/2001 го освои Скудетото со „волчицата“.