Пo синоќешната несреќа во која автомобил марка мерцедес удрил во мајка и ќерка на пешачки премин, при што загинало малолетното девојче на 11 годишна возраст, а нејзината мајка е однесена во болница, полицијата информира дека и’ е познат возачот на автомобилот.

Се работи за 29 годишно лице од Велес. Со соопштение излегоа и од ЈО, ои велат дека синоќа бил извршен увид на местото на несреќата која што се случила на улицата “Борис Трајковски”

– До несреќата дошло кога патнички автомобил кој се движел со голема брзина, на пешачки премин удрил во две лица – мајка и ќерка кои се наоѓале на крајот од преминот за да се качат на тротоар, соопшти Јавното обвинителство.

Според информациите на Јавното Обвинителство од ударот, мајката паднала на земја и се здобила со тешка телесна повреда, додека девојчето на возраст од 11 години било исфрлено значително нанапред, во близина на следниот пешачки премин кај училиштето „Васил Главинов“.