Полската репрезентација ќе игра на Светското првенство, а на пат кон Катар имаа придружба од страна на воени авиони.

Иако малку е необично, сепак Фудбалскиот сојуз на Полска соопшти дека се решиле на таков потег по руската агресија врз Украина.

Од сојузот информираа дека фудбалерите и останатите членови на репрезентацијата биле навреме известени за претпазливите мерки.