Пол Погба не сакал да се слушне приказната со неговите изнудувачи и поради оваа причина првично им платил 100.000 евра со надеж дека се ќе се смири и ќе престанат да му досадуваат, пренесува „Радио Монте Карло“.

Но, тоа не им било доволно и тие продолжиле со притисокот, поради што играчот на Јувентус бил принуден да пријави во полиција.

Погба е уценуван од банда, во која е и неговиот брат Матијас, како и негови роднини и пријатели од детството. Групата бара 13 милиони евра од фудбалерот, со оправдување дека тоа се должи на фактот што овие луѓе биле телохранители на играчот долги години.

Погба во март играчот бил одведен во стан во Париз каде што две маскирани лица вооружени со М-16 му се заканувале, а потоа му зеле 300.000 евра и кредитна картичка.

Фудбалерот се надеваше дека се ќе заврши кога ќе го напушти Манчестер Јунајтед и ќе замине во Торино каде потпиша за Јувентус. Летово, сепак, членовите на оваа банда се појавиле на теренот на „бјанконерите“, што го исплашило играчот.