Жерар Пике вчера го одигра последниот натпревар во кариерата, а пораки за фудбалерот на Барселона пристигнуваа од сите страни.
Помеѓу оние кои го поздравија Пике беше и актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
„Пике бешее еден од најинтелигентните играчи и секако еден од најдобрите дефанзивци во оваа фудбалска ера. Тој одлучи дека е време да каже крај, многу е важно таа одлука да е негова, а не на некои други луѓе. Јас лично му посакувам се најдобро во иднина“, изјави Анчелоти.
Пике е дете на Барселона, од која како јуниор замина во Манчестер Јунајтед, но Пеп Гвардиола го врати во летото 2008 година кога почна да ја пишува најубавата историја на каталонскиот клуб.