Пред Собранието денеска напладне почна протестот против францускиот предлог.

„Македонци уште се борат за своите правдини“, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати“, „Стоп за бугаризација“ се дел од пораките на учесниците на протестот, кои се собраа со знамиња и транспаренти, а присутен е и претседателот на Левица Димитар Апасиев.

Протестот е организиран од Левица, а за подоцна во 13:30 е најавен и од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Пред и зад Собранието има и големо полициско обезбедување.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека за време на ненајавените протести пред Собранието на Република Северна Македонија, денеска затворени за сообраќај ќе бидат неколку улици, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Затворени за сообраќај се: ул.„11-ти Октомври“ на потегот од бул.„Кочо Рацин“ до ул.„Димитрије Чуповски“ и ул.„Даме Груев“ на потегот од ул.„Македонија“ до ул.„11-ти Октомври“.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.