Веднаш по завршувањето на вонредните избори во Тетово, градоначалникот на општината и претседател на Движењето Беса почна да ја спроведува одмаздничка политика кон оние кои не го слушаат и не ги спроведуваат одлуките кои Касами и неговиот близок круг сакаат да ги спроведат.

Изгледа не беше доволно Касами да ја наполни општината со партиски војници од Беса, сега сака да ги наполни светите центри на знаењето, училиштата, со милитанти и партиски војници на Движењето Беса, оние кои нема да му го вратат зборот и ќе му кажат „Амин“ за се што ќе побара.

Во пресрет на ова, вчера беше објавена веста дека Касами им ги раскинал договорите на 11 искусни наставници, кои за неколку месеци би имале право да добијат работни решенија.

Според некои извори, Касами ги известил наставниците дека списокот со заменици е готов и дека во тетовските училишта ќе се вработат милитанти на Беса и ВМРО, партијата со која Касами се обидува да формира мнозинство во општинскиот совет.

Тоа не е се, нашите информации откриваат дека првиот човек на Тетово , Билал Касами за неколку недели ќе раскине уште 70 договори на наставници кои не го слушаат неговиот збор. Но, тоа се прави без критериуми за оценување на работата на до сега ангажираните, а да не зборуваме каква проверка на „надлежностите“ е направена за партиските активисти кои ги подготвуваат да ги заземат местата на оние кои Касами ќе ги остави без работа.