
Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор игра одлично на Мундијалот во Катар, а синоќа со гол помогна во победата од 4-1 против Јужна Кореја.
Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко – 17 ден ↓↓↓




Винисиус му ја посвети победата на легендарниот бразилски фудбалер Пеле, кој е хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајт“ во Сао Паоло.




„Сакам да му испратам поздрав на Пеле. Оваа победа против Ј. Кореја беше само за него. Се надевам дека сè ќе биде во ред и дека ќе се извлече од ситуацијата“, кажа Винисиус.




Во четвртфиналето Бразил го чека натпревар против Хрватска која по подоброто изведување пенали ја елиминираше Јапонија.



