На Дарвин Нуњез не му оди баш најдобро во Ливерпул, Уругваецот веќе редовно се истакнува во натпреварите со многу промашувања и не успева да влезе во гол серија.

Очигледно е дека поседува се што треба да има еден топ напаѓач – брзина, сила, висина, добри движења…Но, му недостасува добра завршница.


Најдобрите моменти на Светско Првенство 2022 ↓↓↓


Против Брентфорд вчера во натпреварот кој Ливерпул го изгуби со 3:1 имаше уште едно големо промашување.

За свој маркетинг и фаќање сеир на Нуњез ова промашување го искористи „Доминос Пица“.

„Се извинуваме доколку промашивме некоја од нарачките, ова момче само што стартуваше“, објавија од пицеријата додавајќи фотографија од Уругваецот.

Коментари