Петровска – Троказ: Северна Македонија му припаѓа на европското семејство, членството во ЕУ е безбедносно прашање

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, се сретна со новоименуваниот специјален пратеник на Франција за Западен Балкан, Рене Троказ, со кого разговараше за безбедносната состојба во регионот, потребата од интензивирање на евроинтеграциските процеси како начин на унапредување на стабилноста и просперитетот на земјите од Западен Балкан, како и развојот на македонско-француската одбранбена соработка, како стратешки партнери и сојузници во алијансата.

Во контекст на интегративните процеси во регионот Петровска порача дека на евроинтеграцијата треба да се гледа како на безбедносно прашање, особено имајќи ги предвид глобалната безбедносна состојба и обидите за влијание на трети страни врз земјите од регионот. „Затоа е многу важно Северна Македонија да не губи време на својот евроинтегративен пат“, рече Петровска.

„По членството во НАТО, посветени сме на процесот на интеграција на земјата во Европската Унија. Не треба да губиме време на патот кон членството во Унијата, особено што уставните измени, кои се очекуваат од Северна Македонија, само ја потврдуваат земјата како демократска и мултиетничка земја и со ништо не го нарушуваат националниот идентитет. Напротив, внесувањето на бугарското покрај другите малцинства во Уставот засекогаш ѝ става крај на погрешната теза дека сме еден народ во две држави и го потврдува нашиот национален македонски идентитет. Она што ни наштетува е одложувањето на процесот“, порача таа.

Специјалниот француски претставник за Западен Балкан, Троказ, се согласи дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е и безбедносно прашање и го пренесе ставот на својата држава дека Северна Македонија му припаѓа на европското семејство, кое го обединуваат заеднички вредности, просперитет и стабилност.

„Северна Македонија ја има целосната француска поддршка за што побрзо членство во Унијата“, порача Троказ.

Во контекст на билатералната соработка во одбраната, Петровска потенцира дека Северна Македонија и Франција ја издигнаа соработката на ниво на стратешко партнерство. Таа зборуваше и за процесот на модернизација и опремување, при што истакна дека еден од клучните системи, системот за противвоздушна одбрана, Северна Македонија го набавува токму од Франција, што е потврда за развојот на француската воена технологија, како и за посветеноста на Северна Македонија за брз развој на своите вооружени сили.

Специјалниот француски претставник за Западен Балкан, Троказ, порача дека Франција високо ја цени улогата на Северна Македонија како сојузник и фактор на стабилност во регионот.

На средбата на Петровска и специјалниот пратеник Троказ присуствуваше и францускиот амбасадор во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, како и Матие Абграл од Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...