Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровска објави статус на нејзиниот профил на Фејсбук.

„Со денешната свеченост во историско Крушево и со симболичното кревање на бајракот на слободата во првиот миг на 2-ри август, чествуваме „10 дена Крушевска Република“, чествуваме слободна, независна, безбедна татковина!

May be an image of 14 people, people standing and outdoors

Крушевската Република ја отсликува нашата богата култура, нашето историско наследство и мултиетничноста и мултикултурализмот кои се дел од нашиот генетски код.

Само здружени и со меѓусебна доверба ќе бидеме секаде и секогаш посилни. Слободата е нашата победа и затоа да не ја испуштаме од своите раце. Таа не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг. И низ секој изгрев што нѐ осветлува. Тоа е нашата величествена светлина и нашиот оган на кој се грееме“, напиша Петровска.

May be an image of 8 people, people standing and outdoors

Илинденците се симболот за нашиот непокор и самобитност. Тие се нашиот мотив да продолжиме да се бориме – за подобро утре, за прогресивна држава, за напредок на сите граѓани на Северна Македонија, додава министерката.