Home Македонија ПЕТРОВСКА: Ја зголемуваме борбената готовност, потпишав договор за ремонт на хеликоптерите во...

ПЕТРОВСКА: Ја зголемуваме борбената готовност, потпишав договор за ремонт на хеликоптерите во Чешка

78
0

Денеска со амбасадорот на Чешка во С. Македонија, Јарослав Лудва го потпишавме договорот, помеѓу двете влади, за ремонт на нашите хеликоптери, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа натаму во објавата на Фејсбук ја опишува придобивката од овој договор:

– Придобивки од договорот е зголемена борбена готовност на Армијата, унапредување на интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците и зајакнување и интензивирање билатералната и одбранбената соработка на нашата земја со Чешката Република, објави Петровска.

Инаку АРМ имаше и воени авиони МИГ кои летоска и ги подари на Украина како помош во војната со Русија.