Петков: ГЕРБ треба да формира влада, ние ќе бидеме конструктивна опозиција

Според експремиерот Петков, партијата на Борисов нема проблем да коалицира со силно националистичките формации, па затоа тој смета дека меѓу можните коалициски партнери, покрај ДПС, се и популистите од Преродба

Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на Продолжуваме со промените (ПП), Кирил Петков, порача дека ГЕРБ како победник на вчерашните парламентарни избори треба да ја формира идната бугарска влада.

Ваквиот порака тој ја испрати во првото интервју по првичните резултати од гласањето според кои ГЕРБ на Бојко Борисов е прва политичка сила со околу 5 отсто повеќе освоени гласови од ПП.

Во интервјуто за БНТ, Петков вели дека е задолжително тие да формираат нова влада бидејќи во спротивно ќе испадне дека користат една реторика дека знаат да воведат ред во хаосот и ги даваат сите нивни ветувања, а од друга страна не сакат да преземат политичка одговорност.

„Продолжуваме со промените ќе биде во позиција на конструктивна опозиција. Ние нема да коалицираме со ГЕРБ и ДПС, ние сме доследни. Првата политичка сила треба да сноси голема одговорност“,рече Петков.

Покрај со ДПС, која им е прва опција на ГЕРБ, експремиерот смета дека Борисов би можел да направи коалиција и со националистичката Преродба бидејќи веќе еднаш коалицирале со таква партија.

„ГЕРБ еднаш коалицираше со Атака, очигледно тие немаат проблем со силно националистичките формации. Со сите овие можни комбинации кои ги имаат, би било неодговорно првата политичка сила да не формира влада. Не е лесно, но тоа е одговорноста да се биде победник“,вели Петков.

За настапот на неговата партија во парламентот, пак, тој појасни дека нивните пратеници нема да се спојат со пратеници од друга партија за да формираат една пратеничка група, како што е на пример Демократска Бугарија со која беше во владина коалиција.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...