Во центарот на Тетово ‘’обновен’’ е пешачки премин што упатува дирекно во билборд на спротивната страна на булеварот наместо во нормалниот слободен простор наменет за преминување на булеварот од страна на пешаците.

Дали оваа грешка е намерна или се работи за тоатален промаршај и основно непознавање на работите од страна на надлежните во Општина Тетово?

Градоначалникот на Тетово иако во својата изборна кампанја ветуваше безброј системски решенија за граѓаните, особено во делот на сообраќајот и улиците, изгледа  дека истиот се соочува со елементарно непознавње на работите од страна на назначените лица надлежни за основните знаци и обележја во сообраќајот.

Иако, во последно време се погласни се гласините дека од почетокот на мандатот на градоначалникот, Касами  освен партиски реваншизам во администрацијата на општината друго ништо не се гледа, со ваквите гафови изгледа дека тие гласини и не се толку невистинити.

Разрешувањето на кадри затоа што биле дел од друга политичка опција и именувањето на свои блиски луѓе на високи кадровски позици без оглед на нивната способност за тие работни места, најверојатно резултира со вакви системски решенија за граѓаните.