„Нajостро го осудувам нападот врз новинарот Зоран Божиновски“, сподели претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

„Република Северна Македонија е правна држава во која се штитат човековите права и слободи, затоа повикувам за ефикасна истрага на овој случај.

Неприфатливо е насилничко однесување кон кој било граѓанин во Република Северна Македонија, без разлика на професијата“, истакна тој.