Денес Порто со 4:0 славеше на гости кај Клуб Бриж во рамките од групата Б во Лигата на шампионите, меѓутоа она што се зборува после натпреварот е голманот Диого Коста.

Португалскиот голман успеа да му одбрани пенал на Ноа Ланг во 51. минута при резултат 0:1. Она што е посебно интересно во оваа ситуација е што за Коста ова беше трет одбранет пенал сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите.

Претходно тој одбрани два пенали против Бер Леверкузен. Така тој стана првиот голман кој во една сезона одбрани три пенали во Лигата на шампионите уште од 2003/2004 наваму.

Коментари