Популарниот пејач Петар Грашо завршил во болница, а веста ја потврди и неговата менаџерка.

„Индекс.хр“ објави дека на Грашо поради напорен распоред и брзо темпо на живот му паднал имунитетот.

„Прими витаминска инјекција и не станува збор за посериозна ситуација“, кажа менаџерката Мартина Подгорски.