Пејачката Аделина Тахири, пејачот Никола Давидовски вечерва беа дел од протестот на ВМРО-ДПМНЕ.
Изведувачот на песната „Земјо моја“ и пејачката на вечерашниот митинг се во првите редови до лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Владата одржува протест под мотото „Премногу е”.
Одлуката за протестот ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти минатиот месец, упатувајќи критики до власта за неспособност за соочување со економската и финанансиската криза придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација, зголемување на јавниот долг, неефикасна и неодговорна дипломатија за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ…