Патријархот на СПЦ Порфириј устоличен во Пеќката патријаршија, на литургијата сослужуваше и владиката на МПЦ-ОА Петар

На црковниот празник Покров на Пресвета Богородица, патријархот на СПЦ Порфириј денска беше устоличен на тронот на пеќките архиепископи и српските патријарси во Пеќката патријаршија, древното седиште на поглаварите на Српската православна црква (СПЦ). На светата литургија солужуваа и преставници од другите помесни православни цркви, меѓу кои и од Македонската православна црква-Охридска архиепископија, јави дописникот на МИА од Белград.

Патријархот Порфириј непосредно по изборот, на почетокот на минатата година, беше устоличен во соборната црква во Белград, кога ги доби правата и должностите што му припаѓаат како поглавар на СПЦ. Обичај е тој да биде устоличен и во Пеќката патријаршија, древното седиште на поглаварите на СПЦ, но тоа беше одложено, како што соопштија од СПЦ, поради епидемиолошките мерки на Косово.

Денеска, епископот црногорско-приморски Јоаникије му ја предаде на патријархот Порфириј панагијата, а претходно зворничко-тузланскиот епископ Фотије, член на Синодот на СПЦ, ја прочита грамотата за устоличувањето на патријархот Порфириј.

Претходно, со патријархот Порфириј литургија служеа повеќе епископи на СПЦ, како и на други православни цркви, по што е објавен свечениот чин на устоличувањето на Порфириј на тронот на архиепископите пеќки и патријарсите срспки. Од МПЦ-ОА на литургијата сослужуваше митрополитот преспанско-пелагониски Петар. Патријархот Порфириј по официјалното устоличување рече дека неговата програма е „мир и само мир, а пред се со првите соседи, мирот како единствена можност за опстанок и на нашите и на нивните деца“.

-Ги повикувам сите верници од ова место да се помолат за сите луѓе, за сите браќа и сестри, сите сонародници и оние со кои живееме, а пред се за нашите браќа Албанци, заедно да градиме мир, како што изградија српските и албанските семејства, кои и во добро и лошо ја чуваа Пеќската патријаршија и Високи Дечани, рече патријархот Порфириј. Порфириј е 46-ти српски патријарх, а 57-ми поглавар на Српската црква, бидејќи претходно тие биле архиепископи, почнувајќи од првиот архиепископ Свети Сава.

 

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...