Патот Ќафасан-Елбасан ќе биде со четири ленти, работите почнуваат следниот месец

Следниот месец  почнуваат градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан,  на албанско-македонската граница до градот Елбасан.

Според директорот на Агенцијата за државни патишта Ервис Бербери патот ќе биде со четири ленти, проектот предвидува интервенција на постојниот пат, но и изградба на нови сегменти во зависност од теренот.

– Во ноември почнуваат работите за првите 5,3 километри од овој пат, делница Џибрак-Мирак, која делумно ќе биде на нов терен и привремено ќе се користи стариот пат. Ќе има и надвозник. За ова планирани се средства од 25 милиони евра. Напоредно со тоа ќе се направи студија за изградба на бајпас во Елбасан со цел да не се влегува во градот, рече Бербери.

Додава дека патниот правец  Ќафасан- Прењас-Елбасан (8,1 километар) е дел од коридорот 8 и главен јазол на копнената врска со Северна Македонија и Грција и последните години има за неколкупати зголемена фреквенција.

-Изграден пред повеќе од две децении единствените инвестиции беа во неговото одржување. Во нашата анализа оцениваме дека проширувањето на патот ќе ги намали сообраќајните незгоди и честите блокади, го олеснува сообраќајот и го скратува времето на патување, како во правец кон Северна Македонија, така и во правец кон Корча, со зголемување на максималната дозволена брзина, додава Бербери.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...