Вечерва на „Макфест“ Тамара Тодевска, Ламбе, Викторија Лоба, Ален Исламовиќ

Осумнаесет песни ќе бидат испеани вечерва на Фестивалот за забавни мелодии „Макфест“ на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип.

Публиката ќе слушне 12 нови песни, а шест се од синоќешната вечер, за чиј влез на оваа фестивалска вечер гласаа жири комисија и публиката.

 

 

Ревијалната вечер на „Макфест“ почнува со песната „Con el diablo“ на Мелани Тарчуловска, а завршува со „Омилен“ на Марија Спасовска.

Публиката ќе ужива и во новите рефрени на Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Ален Исламовиќ, Викторија Лоба, 2Бона, Мартинијан Кириловски.

Иако годинава фестивалот нема натпреварувачки карактер, сепак по должината на аплаузите на публиката ќе се знае, која песна ќе се слуша и ќе стане најпеана.

И вечерва  водители на фестивалската вечер се професионалните, шармантни и забавни Маријана Стојановска и Димитар Атанасовски.

Награди годинава ќе нема, но останува традицијата за сечење на фестивалската торта.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...