Настанот за кој денеска информира СВР Битола се случил синоќа нешто по полноќ. Имено 43 – годишната пациентка на психијатриската болница во Демир Хисар се здобила со тешки телесни повреди откако испаднала од болничкото возило марка „Рено“ со битолски регистерски ознаки, кое ја транспортирало болната кон Битола. Настанот се случил на крстосницата за с. Кутретино.
Возилото го управувал вработен во демирхисарската психијатриска болница, 34 годишно лице со иницијали И.Д. соопшти МВР. Во возилото имало и медицинска сестра.
При контрола на повредената пациентка во Клиничката болница во Битола, и биле констатирани тешки телесни повреди, се наведува во полициското соопштение.
Увид на местото на настанот извршил тим од полициската станица во Демир Хисар.