Home Македонија Отвор длабок пет метри се „појави” во месноста Раковец кај Пехчево

Отвор длабок пет метри се „појави” во месноста Раковец кај Пехчево

108
0

Отвор длабок околу пет метри се „појави” во месноста Раковец кај Пехчево, објави Сител.

Појавата ја регистрираше жител на Пехчево.

– Се отвори дупка над Раковец, длабока четири до пет метри, која во поголем дел е затрупана. Според мене е затворен римски рудник, затрупaн со „шлунак”. Нека се на арно, овие знаци за Пехчево, вели за отворот пехчевецот со псевдоним Стеф Поп Треф.

Истражување за овој случај е најавено за утрешниот ден, за кога е најавена средба помеѓу градоначалникот на Пехчево и познат геолог од Источна Македонија, кој ќе изврши првичен увид на самото место каде е забележан длабокиот отвор.

Во моментот заради заштита на населението местото е обележано со знак за претпазливост.